Швеѓанецот Арманд Дуплантис го освои златниот медал во скок со стап на Светското атлетско првенство во Будимпешта. Тоа е второ злато за 23-годишниот атлетичар на светските шампионати, но сепак, не успеа да постави нов светски рекорд.
Тој три пати се обиде да прескокне 6,23 метри но не успеа. Неговиот скор беше 6,10 метри, доволно за првото место. Второто место му припадна на Еј Џи Обиена од Филипини кој постави азиски рекорд од 2,00 метри.
Третото место го освои Американецот Крис Нилсен со прескокнати 5,95 метри.