Едно добро полувреме и пораз на Алкалоид од силниот ППД Загреб

434

Алкалоид го одигра и вториот контролен натпревар во рамките на мини турнејата во Хрватска, овој пат против силниот сосрав на ППД Загреб. По изедначена битка во првото полувреме, далеку помладиот состав на Кирил Лазаров „падна“ во второто полувреме и на крајот беше поразен со 31-25.

Мечот беше израмнет во текот на целото прво полувреме со тоа што по водството на Алкалоид од 6:5, Загреб влезе во серија од 5:0 и поведе со 10:6. Избраниците на Лазаров вратија со своја серија од 4:0 и израмнија на 10:10 во 23 минута.
Четири минути подоцна, Алкалоид дојде до водство од 14-13, но последните два гола ги постигнаа домашните и на одмор се замина со резултат 15-14.

Во вториот дел, домашниот тим успеа да поведе со два гола (18-16), а потоа и ја удвои разлика на плус четири. Толкава беше дистанцата и во 59 минута, но во последната минута од мечот домашните постигнаа уште два погодока и средбата заврши со резултат 31-25.

Утре, недела, Алкалоид ќе го одигра и третиот контролен натпревар, а противник ќе биде екипата на РК Сесвете. Почетокот на мечот е закажан за 19:00 часот.

ПретходноИсториско, двојно злато за Кипјегон на СП
СледноПелистер го освои турнирот „Крсте Андоновски“, МВП признанието за Ненад Костески!