Медисон и Кулушевски ја продолжија победничката серија на Тотенхем (ВИДЕО)

74

Фудбалерите на Тотенхем го совладаа Борнмут на гостински терен со 2:0 во натпреварот од третото коло на англиската Премиер лига.

Тимот предводен од новиот менаџер Анже Постекоглу, по триумфот од 2:0 против Манчестер Јунајтед, со идентичен резултат славеше и на денешното гостување кај Борнмут.

Гостите поведоа во 17. минута со голот на Џејмс Медисон, а прашањето на победникот беше решено во 63. Минута кога Кулушевски погоди за конечни 2:0.

ПретходноСрбите без проблеми против Кина на Ѓорѓевиќ!
СледноЦрна Гора со два убедливи порази од Јапонија пред почетокот на Евроволеј 2023