Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ е убедливо најплатен во изминатата година. Според листата на „Форбс“, Србинот годишно заработувал 38,4 милиони долари, ова значи дека дневно на неговата сметка „легнувале“ околу 161.000 долари.
На втрото место е Карлос Алкараз со 31,4 милиони долари. На третото место се наоѓа Ига Швјонтек со 22,4 милиони долари, таа е најплатена кај дамите. Зад неа се наоѓа Русинот Данил Медведев со 20,1 милиони долари.
Иако Рафаел Надал е надвор од терените тој инкасирал 15,5 милиони долари. Оваа листа на Топ 10 ја сочинуваат уште Коко Гауф, Ема Радукану, Каспер Руд и Џесика Пегула.