Чилеанската ѕвезда Алексис Санчез се врат во Интер ккао слободен играч, околу една година по неговото првично заминување од клубот.
Санчез првично му се приклучи на Интер на позајмица од Манчестер Јунајтед, а подоцна трајно им се приклучи на „нероаѕурите“. Но, тој го напушти клубот во 2022 година и се приклучи на Олимпик Марсеј, каде што помина една сезона.
Денеска од Интер потврдија дека Санчез се вратил во клубот, приклучувајќи се со слободен трансфер. Преселбата на Хоакин Кореа во Олимпик Марсеј ги ослободи финансиите и просторот во тимот на Интер за овој потег, а Чилеанецот потпиша едногодишен договор со „нероаѕурите“.