ВМФЛ: Пелистер и Беса без милост кон противниците, максимални и Башкими, Кожув и Детонит!

1274

 

Попладнево се одиграа сите осум средби од 3.коло во ВМФЛ. Најголемите аспиранти за првите две места , Пелистер и Беса едноставно немаат милост кон своите ривали. И двете екипи гостуваа и двете победија со убедливи 0:3 Пелистер кај Саса и 1:4 Беса кај Новаци.

Па така сега по три кола имаат по максимални 9 бода бода. Но не се само тие максинални, тоа се и Башкими кој денеска го победи Осогово како гостин со 2:3, потоа Детонит кој дома славеше против Арсими и Кожув кој исто дома го победи Скопје со 4:2.

Беласица успеа со 2:0 да го совлада Тетекс, исто како и Караорман кој славеше против Вардар (Н) со ситиот резултат.

Во Прилеп домашната Победа и Охрид одиграа без голови.

РЕЗУЛТАТИ – 3.КОЛО

БЕЛАСИЦА – ТЕТЕКС 2:0

ДЕТОНИТ – АРСИМИ 1:0

САСА –ПЕЛИСТЕР 0:3

КАРАОРМАН – ВАРДАР (Н) 2:0

КОЖУВ – СКОПЈЕ 4:2

НОВАЦИ – БЕСА 1:4

ОСОГОВО – БАШКИМИ 2:3

ПОБЕДА – ОХРИД 0:0

ПретходноЈунајтед имаше кошмарен старт, но на крајот победи…Арсенал дома ремизираше со Фулам! (ВИДЕО)
СледноАнглиската фудбалска асоцијација бара од обложувалниците да престанат да нудат обложување на жолти картони!