Србите без проблеми против Кина на Ѓорѓевиќ!

204

Очекувано селекцијата Србија со убедлива победа стартуваше на СП во кошарка. Во меч од 1.коло во групата -Б, нашиот северен сосед успеа да слави над Кина на Александар Ѓорѓевиќ со повеќе од убедливи 105:63.

Еден од домаќините на Мундијалот освен на стартот, кога имаше и водство, едноставно беше немоќен против разиграните момци на селекторот Пешиќ. Во првата четвртина дојдоа до водство од 25:14, кое не само што не го испуштаа до крајот туку постојано и го зголемуваа.

На крајот постигнаа и повеќе од 100 поени, поточно крајниот резултат беше 105:63.

Најефикасни беа Богдановиќ и Маринковиќ со по 14 поени. Убава можност за Пешиќ да ги разигра сите свои кошаркари.

Додека кај Кина најефикасен беше Жао Руи со 17 поени.

ПретходноДончиќ со 37 поени за прва победа на Словенија на Мундобаскетот
СледноМедисон и Кулушевски ја продолжија победничката серија на Тотенхем (ВИДЕО)