Попладнево се одиграа пет средби од 2.коло во Бундеслигата.Унион Берлин како гостин со 1:4 успеа просто да го “згази“ домашниот состав на Дармштад. Госенс стрелаше двапати, а по еднаш Беренс и Доеки. Два меча и шест бода за тимот од Берлин.
Неочекувано, Дортмунд како гостин одигра само 1:1 кај Бохум. Штогер му донесе водство на домашниот тим, за да Мален во второто полувреме израмни на конечни 1:1.
Волфсбург како гостин со 1:2 го победи Келн, победата ја донезе Винд со два гола, претходно домашните водеа со 1:0.
Фрајбург на свој терен со 1:0 славеше против Вердер Бремен и тоа со голот на Филип во 90+6.минута.
Хофенхајм како гостин го победи Хаиденхајм со 2:3. Победничкиот гол беше дело на Крамариќ во 90.минута.