Челзи денеска и официјално ги соопшти барањата за да дозволи реализација на позајмица на Ромелу Лукаку во некој од заинтересираните клубови. Според „Телеграф“, Челзи и Рома утрово имале заедничка средба за да разговараат за можен трансфер на Ромелу.
Лондончани побарале сума меѓу 8 и 10 милиони фунти како за позајмицата, а Лукаку ќе мора да преземе намалување на платата од околу 7 милиони фунти годишно доколку сака да заигра за Рома. Ако Лукаку не се согласи на намалување наплатата, Челзи нема намера да му плати ни фунта, па ќе мора истата да ја преземе Рома.
Претходно беше објавено дека Лукаку во Челзи заработува околу 10 милиони фунти годишно.