И третото овосезонско гостување Реал Мадрид го реши во своја корист, едвај ја победи Селта со 0-1 со голот на Џуд Белингем. „Кралевите“ на оваа средба промашија иа пенал, кој го изведе Родриго, нешто што го нали Карло Анчелоти. Искусниот стратег на прес-конференцијата посчи дека играчите немаат право да одредуваат кој ќе шутира од белата точка.
Тој го прозва Лука Мондриќ, кој морал да изведува пенал во отсуство на Винисиус.
„Играчите немаат слобода да изберат кој ќе шутира. Не знам што се случи, требаше да го шутне Лука, но не го направи тоа“, изјави искусниот тренер и продолжи:
„Винисиус требаше да шутира прв, но не беше на теренот. Тие го избраа Родриго и не ми дадоа време да кажам дека изведувачот требаше да биде Модриќ. Лут сум, беше тешко да се комуницира во тој момент, му кажав и на Валверде да им пренесе на играчите, но немаше време. За ова ќе разговараме во наредните денови“, посочи искусниот стратег на клупата на Реал.