По мечот меѓу Ал Фатех и Ал Наср се случи интересна ситуација. Садио Мане се поздрави со играч за кој мислеше дека е од неговиот тим. Но го збуни тоа што истиот беше во бел дрес. Отпосле дозна дека неговиот соиграч имал брат близнак кој играл за противничкиот тим.
Оние кои знаеја му се изнасмеаја на Сенегалецот.