ВМФЛ: Детонит сака нов триумф, Беса на гости кај Новаци, Саса го пречекува Пелистер

367

 

Денеска од 16 часот на програмата се сите осум мечеви од 3.коло во новата сезона во ВМФЛ. Интересно треба да биде во Радовиш каде забревтаниот Детонит игра дома со тимот на Арсими. Досега радовишани имаат максимални шест бода, еве шанса да дојдат и до нов триумф, со што и дефинитивно ги истакнат големите амбиции сезонава во Втората лига.

Беса гостува во Битола,но не кај Пелистер туку кај Новаци. Се знае кој е фаворит и се знае дека освен победа на тимот од Добри Дол се друго ќе биде рамно на сензација. Пелистер пак има тешко гостување кај Саса, секогаш тешко се освојуваат бодови во Каменица.

Победа игра дома со Охрид, Беласица го пречекува Тетекс, Осогово во Кочани се среќава со Башкими. Вардар (Н) му гостува на Караорман, додека Кожув посакува трета победа во низа на свој терен против Скопје.

ДВОЈКИ ЗА 3.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

ПОБЕДА – ОХРИД

ОСОГОВО –БАШКИМИ

БЕЛАСИЦА – ТЕТЕКС

НОВАЦИ – БЕСА

САСА – ПЕЛИСТЕР

ДЕТОНИТ – АРСИМИ

КОЖУВ – СКОПЈЕ

КАРАОРМАН – ВАРДАР (Н)

ТАБЕЛА

Беса 6, Пелистер 6, Детонит 6, Кожув 6, Башкими 6, Победа 3, Арсими 3, Новаци 3, Тетекс 3, Скопје 1, Саса 1, Охрид (-1) 0, Вардар (Н) 0, Караорман (-1) 0, Беласица 0, Осогово 0

ПретходноКакво лето: Динамо Загреб ќе инкасира над 40 милиони евра!
СледноНеверојатно: Реалноста во Саудиска Арабија е поинаква, најдобро знае Роналдо!