Гостивар донесе Нигериец како ново засилување во нападот

562

Новиот прволигаш екипата на Гостивар го донесе и 18-тото ново засилување во финишот на преодниот рок. Денеска гостиварци се пофалија со Нигериецот Ијаји Атиемвен, кој ќе биде ново освежување за нападот на гостиварските „сини“.

Атиемвен доаѓа во Гостивар како засилување од екипата на Шериф Тираспол, а претходно играше и за екипата на Динамо Загреб. 27-годишниот Нигериец има долга историја на трансфери во Европа, а има играно и во Турција и на Кипар.

ПретходноНовиот Вардар 1961 по чудо против „лавовите“ од Манхајм
СледноГрција и без ѕведите убедлива на стартот, дебитантот испушти сензација (ВИДЕО)