И Грција тргна со победа на Светското првенство на кое допатува без неколку важни играчи. Без ѕвездите Јанис Адетокумбо и Костас Слукас ќе се бори за што подобро место на овој Мундобаскет. Групата не е наивна, но шансите за следната рунда стојат.
На стартот кошаркарите на нашиот јужен сосед имаа лесна задача, играа против Јордан, добро влегоа, но во еден момент во третата четвртина противникот му дозволија да дојде на минис шест. Сепак искуството кое го има Грција на големите натпреварувања на крајот пресуди, славеше со убедливи 71-92.
Ларенѕакис со 17 и Вокап со 13 поени беа лидери кај победникот, на другата страна Холис-Џеферсон имаше 23 поени.
Ј.Судан и Порторико името на победникот го дадоа после продолжение, во кое како победник излезе условно кажано гостинската селекција, славеше со 96-101, откако регуларниот дел заврши со 81-81. Ј.Судан е дебитант на ова натпреварување, малку фалеше да приреди сензација.
Absolute madness in the final seconds of regulation between Puerto Rico and South Sudan 🔥
We’re headed to OT in Araneta!#FIBAWC x #WinForAll pic.twitter.com/dUh9TlKaFV
— FIBA Basketball World Cup 2023 🏆 (@FIBAWC) August 26, 2023
Томпсон со 21 поени беше прв стрелец кај победникот, на другата страна Џонс запиша 38 поени.
Победа запиша и Грузија, беше подобра од Зеленортски острови со убедливи 60-85. Предводникот во селекцијата на Грузија беше Шенгелија со 16 поени исто колку и Битадѕе.