Данците со две победи и пораз од Хрватска доаѓаат во Скопје на Евроволеј 2023

90

Додека македонската одбојкарска репрезентација во Скопје ги привршува подготовките за премиерниот меч на Европското првенство 2023 кое почнува на 30 август со мечот против селекцијата на Данска, нашиот прв ривал во Хрватска вчера ги заврши тест-натпреварите против тамошната репрезентација, кои и за нив беа последна проверка на формата пред доаѓањето во Скопје.

Данците во четири дена одиграа четири контролни средби со Хрватска, против која Македонија годинава играше во Европската Златна лига. Хрватите им беа домаќини на Данците во Осијек каде во три официјални натпревари Данска оствари две победи, додека Хрватите славеа еднаш. Данците победија на првиот меч со 3:0, потоа загубија со истиот резултат во вториот меч, па по еден затворен тренинг дуел кој завршил (2:2 во сетови), вчера во последниот официјален пријателски дуел Данска ја совлада Хрватска со 3:2 во сетови.

Данска деновиве пристигнува во Скопје каде ќе се подготвува до почетокот на натпреварите од групата „Ц“ на Евроволеј 2023, чиј домаќин е нашиот главен град.

ПретходноЧелзи постави граници: За Лукаку бара 8 милиони фунти и Рома да му ја плаќа платата
СледноШкендија се засили со репрезентативецот Тодороски!