Љупче Дориев го постигна победничкиот гол за Согдиана во дуелот со Навбахор во 17.коло на најдобрата лига на Узбекистан. Дориев стрелаше во 81 минута за победа од 2:1 и шести триумф на неговиот тим сезонава. Совладан е второпласираниот тим на табелата.
Согдиана по 17 кола, има 22 бода.
Тоа првиот гол за Дориев во узбекистанскиот шампионат.