Иако владееше вистински хаос во текот на квалификациите за утрешната трка во Зандворт за ГН на Холандија, сепак Макс Верстапен покажа дека во моментов е убедливо најдобар. Тој дојде до двојата осма пол -позиција сезонава и со тоа итре пред своите фанови ќе тргне како прв. Да кажеме дека светскиот првак извозе најдобро кога беше најпотребно, во последниот круг од третата фаза на денешните квалификации.
Втор заврши Ландо Норис на Мекларен, потоа Џорџ Расел како трет на Мерцедес и Александер Албон на Вилијамс како четврти.