Историско, двојно злато за Кипјегон на СП

73

Кенијката Фејт Кипјегон победи на трката на 5000 метри на Светското првенство во Будимпешта. Со тоа таа направи подвиг освојувајќи двојно злато на атлетскиот Мундијал прво на 1500 метри и сега на 5000 метри.

Кипјегон триумфираше со време од 14 минути и 53.88 секунди. Второто место му припадна на Сифан Хасан од Холандија со време 14:54.11 минути, а третото место и припадна на Кенијката Беатрис Шебет со време 14:54.33 минути.

ПретходноМирчевски донесе четврта победа за ТСЦ и прво место на табелата
СледноЕдно добро полувреме и пораз на Алкалоид од силниот ППД Загреб