Какво лето: Динамо Загреб ќе инкасира над 40 милиони евра!

1436

Динамо Загреб ова лето ќе биде најуспешниот хрватски клуб кога станува збор за трансфер пазарот. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски ќе инкасира над 40 милиони евра, на повидок е нов трансфер.

Последен кој го напушто Динамо е Бруно Петковиќ. Според турските медиуми доцна синоќа се договорени сите услови за да стане нов член на Трабзонспорт. Хрватскиот репрезентативец се очекува да пристигне во Истанбул каде ќе ги обави лекарските прегледи и ќе стави официјално потпис.

Двата тима со месеци преговараа, а сега кога веќе се е готово, во касата на Динамо Загреб ќе легнат над 40 милиони евра од сите трансфери. Шутало во Ајакас отиде за 20 милиони евра. Ливаковиќ во Фенербахче за 6,6 милиони евра, Иванушевиќ во Фејноорд за 9 милиони евра. Во овие бројки не се наведени и бонусите.

ПретходноАнчелоти лут: Играчите немаат слобода да одлучуваат!
СледноВМФЛ: Детонит сака нов триумф, Беса на гости кај Новаци, Саса го пречекува Пелистер