Мулти Есенс и Е. Пелистер 2, во меч од рамките на турнирот „Миле Нешковски“ во Прилеп, денеска одиграа 34:34. Тоа беше борбен и квалитетен меч во кој покрај брзата игра се постигнаа и многу голови. Едноставно убав меч за гледање.
Првиот дел го добија битолчани со 16:14, треба да се каже дека во поголемиот дел од овој меч тие ја имаа таа разлика од два гола.
Во второто полувреме Е. Пелистер 2 имаше предност и од 4 гола, 29:25, но тогаш следуваше серија од 6:1 на младиот тим на Мулти Есенс со пто дојдоа и до водство од 30:31.
На крајот и двете екипи мораа да се задоволат со реми со конечен резултат 34:34.
Во таборот на Мулти Есенс најрасположени за голови беа Јорданов со 9, а Димовски и Димевски постигнаа по 6.
Во противничкиот табор Ивановски постигна 7, а Трпчевски и Мијушковиќ по 6 голови.