Мурати утре против “својата“ Шкендија, посакува победа на Работнички!

155

Утре во меч од 5.коло, Работнички во еден од дерби натпреварите во ова коло, како домаќин ја дочекува Шкендија. Тетовци засега имаат максимален биланс, три меча и трио победи, додека Работнички дома победува а на гости губи.

Во пресрет на утрешниот меч со Шкендија, дефанзивецот на Работнички, Мевљан Мурати посакува победа против својотнекогашен клуб.

„Несомнено е дека Шкендија е во форма, има максимален ефект, екипа која е во ритам. Од друга страна ние веруваме во своите квалитети. Имаме респект за ривалот, но сигурно е дека ќе атакуваме по трите бода. Ако бидеме оние вистинските секако дека ќе можеме да дојдеме до трите бода“ истакна Мурати.

ПретходноДориев со победнички гол за Согдиана (видео)
СледноВардар со сили за едно полувреме, Рајн Некар со плус девет си оди од Скопје (ФОТО)