Саудиска Арабија дефинитивно не плени секаде со својот раскош. Иако ова лето бројни фудбалски имиња заминаа во оваа земја, сепак реалноста е сосема поинаква. Само неколку клубови можат да се пофалат со врвни услови, од пари до соблекувални според светски стандарди.
Колку и да мислат дека со брзина на светлината одат напред, еден детал покажа дека саудискиот фудбал е светлосни години зад Лига пет. А за ова говори фотографијата која излезе пред дуелот меѓу Ал Фатех – Ал Наср кој гостите го добија во своја корист со резултат 0:5.
Натпреварот се одигра на стадионот Принц Абдула Бин Џалави во градот Ал Хаса и ги покажа сите недостатоци на саудискиот фудбал. Светски ѕвезди како Роналдо, Мане и Брозовиќ беа шокирани од соблекувалната и столчињата кои ги чекаа на ова гостување.
Дресови на Ал Наср како и останатата опрема беа наредени на стол, додека некои завршија на подот во торби.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) August 25, 2023