Навистина неочекувана вест од С. Арабија.Имено како што пренесуваат медиумите во таа земја, Џани Алиоски не веќе дел од екипата на Ал Ахли, имено тој веќе и го напуштил клубот. Ова доаѓа, барем така се објаснува, дека нашиот репрезентативец бил прекуброен во однос на странците, па затоа и одлуката токму тој да си оди била донесена од страна на клубот.
А се тргна убаво за него по враќањето во Ал Ахли. На сите три средби досега Џани не само што беше стартер, туку беше и еден од најдобрите во својот тим.
Па така останува од тројца наши играчи во С. Арабија, Велкоски, Трајковски и Алиоски, сега да немаме ниту еден.