Нов ден на СП: Шпанија, „Дрим тимот“ и Лука се приклучуваат на „забавата“

185

Шпанија денеска и официјално ја стартува одбраната на титулата. „Фуријата“ ќе има лесна задача на првиот меч на Светското првенство, за противник ја има селекцијата на Брегот на Слонова коска. Шпанците се наоѓаат во групата Г, заедно со Иран и Бразил.

Денеска на дело ќе го видиме „Дрим тимот“, кој е главен кандидат за освојување на златниот медал, игра против Нов Зеланд. Тренерите на САД можеби и се поголеми ѕвезди од играчите, во стручниот штаб се наоѓаат Стив Кер, Грег Попович и Ерик Сполстра.

Во оваа група Г се наоѓа и Грција која ќе ги одмери силите со Јордан.

Од оние репрезентации од кои се очекува многу повеќе се Словенија и Србија. Лука Дончиќ ќе ја предводи својата земја против Венецуела, додека пак Србија игра против Кина.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

10:00 Ј.Судан – Порторико

10:00 З.Острови – Грузија

10.45: Јордан – Грзија

11.45: Иран – Бразил

13.30: Словенија – Венецуеал

14.00: Србија – Кина

14.40: Сад – Н.Зелнад

15.30: Шпанија – БСК

ПретходноГерманецот Шлагер ќе и суди на Струга ТЛ на Исланд!
СледноМакедонскиот воин Гого Славески е светски првак (ВИДЕО)