Откако дојде во САД, во Мајами на Флорида, Лео Меси е топ тема кога станува збор за спортот во таа земја. Аргентинецот убаво се снајде, му донесе и трофеј на својот клуб Интер Мајами, но утринава во 01.30 часот по наше време тој ќе ја одигра својата прва средба во МЛС. Досега тоа беа натпревари од куповите на кои играше Интер Мајами.
И сега внимавајте што се прави во Њујорк, каде што Ред Бул е домаќин навистина претеруваат. Досега оние влезници кои чинеа по 46 долари се продаваат по 485 долари или се поскапи за повеќе од илјада насто. Ова во САД некои го нарекуваат и “грабеж на столетието“.
Фановите се револтирани, но сепак стадионот ќе биде полн.Има таму доста фанови на Меси кои ќе сакаат во живо да го проследат неговото деби во МЛС.