Пролет мисли и на иднината: Потпиша пет перспективни засилувања

91

Пролет состави квалитетен тим за новата натпреварувачка сезона во Супер-лигата, но клубот паралелно со тоа инвестира и во младинската школа и во пониските возрасни категории. Во тој правец, денеска беа потпишани договори со пет нови ракометари, перспективни играчи кои доаѓаат од редовите на Мулти Есенс.

Станува збор за: Давид Младеновски (18-годишен лев бек),  Стефан Велков (17-годишен среден бек), Дамјан Димитриевски (18-годишно лево крило), Андреј Ниновски (18-годишно десно крило) и  Алек Алексовски (19-годишен лев бек).

„Петмината ракометари до лани го носеа дресот на Мулти Есенс, а летово доаѓаат да го засилат Тинекс Пролет. Планот предвидува тие да се развиваат преку младинските категории, но и да тренираат со првиот тим, во обид да се наметнат кај тренерот Лембанов кој веќе се покажа како стратег што е подготвен да даде шанса на млади и перспективни ракометари. 

Стефан Велков беше дел од тимот на вчерашниот меч со Еурофарм Пелистер 2 на турнирот во Прилеп (победа од 22-12)

Со овие трансфери, Тинекс Пролет уште еднаш покажува грижа за младинските категории и за иднината на македонскиот ракомет, како клуб кој секогаш акцент става на домашните играчи во тимот“, стои во изветстувањето на Пролет. 

ПретходноГрција и без ѕведите убедлива на стартот, дебитантот испушти сензација (ВИДЕО)
СледноОФИЦИЈАЛНО: Алексис Санчез повторно го облече дресот на Интер