Американскиот кошаркар Квентон Декоси е ново засилување за КК Работнички. Кошаркарот висок 196 сантиметри ланската сезона играл за Алба Фехервар од Унгарија, а бил и во италијанските Тревизо и Киети, грчките Короивос, Лаврио и Арис и полски Старт од Лублин.
За Работнички претходно потпишаа Роберт Рикиќ, Бобан Стајиќ и Стојан Ѓуроски.