Славески: Радувајте се Македонци! За мојот народ никогаш да не зборуваш во демунитив!

609

Гого Славески ја освои светската титула во велтер категорија во борбите со голи раце во БКФЦ верзијата. Тој го совлада Џејк Лидзи со едногласна одлука на судиите.

Веднаш по големата победа испрати порака до сите Македонците, потенцирајќи дека е тешко да се биде најдобар во светот.

„Радувајте се Македонци, остваривме историја… Македонија е мала држава, со едвај два милиони жители и навистина е тешко од таму да се стане најдобар во светот. Но, успеав зашто ние сме земја на шампиони“, беше пораката на Славески по прогласувањето на победникот.

Тој исто така имаше и интересен статус на својот „Фејсбук“ профил.

„За мојот народ никогаш да не збориш во деминутив“.

ПретходноНовак Ѓоковиќ со рекордна заработувачка во светот на тенисот
СледноПоп-Арсова не ја заврши трката, Шанкуле победник на женскиот маратон