Тешка повреда за ѕвездата на „Селекао“: Бразил го загуби Раул Нето до крајот на Мундобаскетот?

166

Повредата на бразилскиот кошаркар Раул Нето на првиот меч на Бразил на Мундобаскетот ја засени импресивната победа на „Селекао“ против Иран од 100:59. Селекторот Густаво де Конти и играчите Марселињо Хуертас и Бруно Кабокло дадоа спротивставени изјави за тоа колку е сериозна повредата на Нето.

Нето падна на 7:51 минути до крајот во третата четвртина, кога Бразил поведе со 62-25. Повредата настана кога Нето се лизна, а подоцна се судри со противнички играч. Кошаркарот на Фенербахче врескаше од болка, по што мораше да биде изнесен на носилка.

„Немаме многу информации за Раул. Ќе треба да почекаме на лекарските прегледи“, изјави селекторот на репрезентацијата Де Конти.

Од друга страна, неговите соиграчи велат дека повредата е многу сериозна.

ПретходноШкендија се засили со репрезентативецот Тодороски!
СледноМулти Есенс и Е. Пелистер 2 одиграа борбено реми!