Унион Берлин го “згази“ Дармштад, Дортмунд само до бод кај Бохум! (ВИДЕО)

70

 

Попладнево се одиграа пет средби од 2.коло во Бундеслигата.Унион Берлин како гостин со 1:4 успеа просто да го “згази“ домашниот состав на Дармштад. Госенс стрелаше двапати,  а по еднаш Беренс и Доеки. Два меча и шест бода за тимот од Берлин.

Неочекувано, Дортмунд како гостин одигра само 1:1 кај Бохум. Штогер му донесе водство на домашниот тим, за да Мален во второто полувреме израмни на конечни 1:1.

Волфсбург како гостин со 1:2 го победи Келн, победата ја донезе Винд со два гола, претходно домашните водеа со 1:0.

Фрајбург на свој терен со 1:0 славеше против Вердер Бремен и тоа со голот на Филип во 90+6.минута.

Хофенхајм како гостин го победи Хаиденхајм со 2:3. Победничкиот гол беше дело на Крамариќ во 90.минута.

ПретходноСАД со проблеми на стартот, потоа го “скрши“ Нов Зеланд…Шпанија убедлива против БСК
СледноЈунајтед имаше кошмарен старт, но на крајот победи…Арсенал дома ремизираше со Фулам! (ВИДЕО)