Шкендија се засили со репрезентативецот Тодороски!

1325

Тодор Тодороски (24) е нов член на Шкендија. Како што велат информациите од Тетово, десниот репреземнтативен бек во Шкендија доаѓа како слободен играч ако се знае дека тој раскина договорот со Сумгаит од Азербејџан. Секако дека ова е големо засилување за тимот на Ардијан Нухиу по таа десна бековска позиција. Се било договорено меѓу него и тетовци, останува само да се изврши промоцијата.

Инаку Тодороски досега во својата кариера играше за Кожув, Металург, Вардар, Осијек, Раднички Ниш, Серед и Сумгаит.

ПретходноДанците со две победи и пораз од Хрватска доаѓаат во Скопје на Евроволеј 2023
СледноТешка повреда за ѕвездата на „Селекао“: Бразил го загуби Раул Нето до крајот на Мундобаскетот?