Шокантно: Покетино не ги знае играчите на Челзи…Кој е тој? (ВИДЕО)

467

 

Ова што се случува во Челзи навистина по малку станува и урнебесно. Имено Маурицио Покетино иако веќе три месеци е во клубот си дозволи себе на прес конференција да биде прашан за еден фудбалер на неговиот клуб, а тој да не го знае.

Па, добро колку ли играчи има Челзи, посебно тие што се на позајмица и што се враќаат и што одново си заминуваат.

По вчерашниот триумф над Лутон, прв во ПЛ откако е стратег на Челзи, Покетино дојде расположен на пресот, но брзо се најде во незгодна ситуација.

Имено на прашањето од новинарите што и како со Маланг Сар, играчот кој се врати од позајмица од Монако тој изненаден пред сите праша..Кој е тој?

ПретходноАнглиската фудбалска асоцијација бара од обложувалниците да престанат да нудат обложување на жолти картони!
СледноАбердин бара 4 милиони фунти: Миовски би можел да направи трансфер во Саутемптон!