Вардар со сили за едно полувреме, Рајн Некар со плус девет си оди од Скопје (ФОТО)

484

Вардар 1961 го негатива од гола ќе патува на реванш мечот против Рајн Некар за место во групната фаза во Европската фаза. Избраниците на Владо Недановски на домашен терен беа поразени со 25-34. Ракометарите на македонскиот тим имаа сили само за едно полувреме, по штп буденс-лигашот притисна за кратко време направи позитива доволна за сигурен триумф.

Одлично прво полувреме одиграа „црвено-црните“. Многумина очекуваа доминација на Рајн Некар, но ракометарите на Вардар 1961 на крилата на своите најверни навивачи не му дозволија на противникот да биде комотен.

Отворија со 2-1, но гостите брзо вратија на 2-5, на трипати поведоа со плус четири (3-7, 4-8, 5-9). Македонскиот тим ја подигна одбраната, Томовски имаше клучни одбрани, со серија од 3-0 израмни на 12-12. Рајн Некар дојде на плус два (12-14), но избраниците на Владо Недановски вратија за 14-14 на одморот.

Во вториот дел, РНЛ отвори со 1-4 за 15-18 во 36 минута. Јасухира и Лазаревски ги размрдаа своите редови намалија 17-18. Од овој момент буденс-лигашот направи серија од 6-0 за 17-24 во 43 минута. Недановски повика тајм-аут, но не помогна.

Ништо не се промени во продолжение, во 50 минута резултатот беше 20-28, темпото целосно падна, Вардар од првото полувреме го немаше никаде, влезе во германската машина. Рајн Некар на крајот дојде на плус 24-34.

Најдобар за Вардар беше Милан Лазаревски со шест гола, Марко Срадновиќ имаше пет гола, а по три погодија Косуке Јашухира, Матија Николиќ, Дарко Чуки и Стефан Петри. На другата страна Јури Нор имаше осум, Микаел Апелгрен фати 11 топки.

 

ПретходноМурати утре против “својата“ Шкендија, посакува победа на Работнички!
СледноВест Хем го совлада Брајтон првпат во историјата на Премиер лигата