Второ светско злато за Дуплантис, но овојпат без светски рекорд

116

Швеѓанецот Арманд Дуплантис го освои златниот медал во скок со стап на Светското атлетско првенство во Будимпешта. Тоа е второ злато за 23-годишниот атлетичар на светските шампионати, но сепак, не успеа да постави нов светски рекорд.

Тој три пати се обиде да прескокне 6,23 метри но не успеа. Неговиот скор беше 6,10 метри, доволно за првото место. Второто место му припадна на Еј Џи Обиена од Филипини кој постави азиски рекорд од 2,00 метри.

Третото место го освои Американецот Крис Нилсен со прескокнати 5,95 метри.

ПретходноПелистер го освои турнирот „Крсте Андоновски“, МВП признанието за Ненад Костески!
СледноВардар од Неготино остана без тренер, Димитковски поднесе оставка