Кенијката Фејт Кипјегон победи на трката на 5000 метри на Светското првенство во Будимпешта. Со тоа таа направи подвиг освојувајќи двојно злато на атлетскиот Мундијал прво на 1500 метри и сега на 5000 метри.
Кипјегон триумфираше со време од 14 минути и 53.88 секунди. Второто место му припадна на Сифан Хасан од Холандија со време 14:54.11 минути, а третото место и припадна на Кенијката Беатрис Шебет со време 14:54.33 минути.