Фудбалерите на Тотенхем го совладаа Борнмут на гостински терен со 2:0 во натпреварот од третото коло на англиската Премиер лига.
Тимот предводен од новиот менаџер Анже Постекоглу, по триумфот од 2:0 против Манчестер Јунајтед, со идентичен резултат славеше и на денешното гостување кај Борнмут.
Гостите поведоа во 17. минута со голот на Џејмс Медисон, а прашањето на победникот беше решено во 63. Минута кога Кулушевски погоди за конечни 2:0.