Неочекувано: Алиоски не е веќе дел од Ал Ахли?!

4508

Навистина неочекувана вест од С. Арабија.Имено како што пренесуваат медиумите во таа земја, Џани Алиоски не веќе дел од екипата на Ал Ахли, имено тој веќе и го напуштил клубот. Ова доаѓа, барем така се објаснува, дека нашиот репрезентативец бил прекуброен во однос на странците, па затоа и одлуката токму тој да си оди била донесена од страна на клубот.

А се тргна убаво за него по враќањето во Ал Ахли. На сите три средби досега Џани не само што беше стартер, туку беше и еден од најдобрите во својот тим.

Па така останува од тројца наши играчи во С. Арабија, Велкоски, Трајковски и Алиоски, сега да немаме ниту еден.

ПретходноЕдноставно најдобар: Пол – позицијата за Верстапен за ГН на Холандија!
СледноСАД со проблеми на стартот, потоа го “скрши“ Нов Зеланд…Шпанија убедлива против БСК