Пелистер го освои турнирот „Крсте Андоновски“, МВП признанието за Ненад Костески!

145

Пелистер е победник на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Македонскиот првак ја оправда улогата на фаворит против Олимпијакос, го совлада со 30-27 (16-14).

Ракометарите на Пелистер ја имаа контролата речиси во текот на целиот меч. Олимпијакос отворија со 5-2, но битолчани вратија со серија од 5-1 со 7-6. Водеа и со 10-7, најголемата позитива ја имаше во 23 минута (14-8). Но, мало опуштање беше причина за да противникот на одморот намали на 16-14.

Во вториот дел Пелистер дојде на плус пет (19-14), на другата страна Олимпијакос се обидуваше да се врати целосно во мечот. Битолчани држеа водство од три до четири гола, на три минути до крајот беше 29-24, доволна позитива за сиурен триумф.

Кузманоски постигна седум гола, пет од седум метри, исто толку запиша и Ненад Костески.

Котанидис од Олимпијакос беше прогласен за најдобар голман, додека Ојлески беше прогласен за најдобар стрелец со 27 гола. Признанието за МВП на финалето и МВП на турнирот беше прогласен Ненад Костески.

РЕЗУЛТАТИ ПОСЛЕДЕН ДЕН

ФИНАЛЕ

Пелистер – Олимпијакос 30-27

ЗА ТРЕТО МЕСТО

ГРК Охрид – Татран Прешов 32-33

ЗА ПЕТТО МЕСТО

Металопластика – Бешикташ 32-29

ЗА СЕДМО МЕСТО

Голден Арт – Бутел Скопје 21-18

ПретходноЕдно добро полувреме и пораз на Алкалоид од силниот ППД Загреб
СледноВторо светско злато за Дуплантис, но овојпат без светски рекорд