Попладнево се одиграа сите осум средби од 3.коло во ВМФЛ. Најголемите аспиранти за првите две места , Пелистер и Беса едноставно немаат милост кон своите ривали. И двете екипи гостуваа и двете победија со убедливи 0:3 Пелистер кај Саса и 1:4 Беса кај Новаци.
Па така сега по три кола имаат по максимални 9 бода бода. Но не се само тие максинални, тоа се и Башкими кој денеска го победи Осогово како гостин со 2:3, потоа Детонит кој дома славеше против Арсими и Кожув кој исто дома го победи Скопје со 4:2.
Беласица успеа со 2:0 да го совлада Тетекс, исто како и Караорман кој славеше против Вардар (Н) со ситиот резултат.
Во Прилеп домашната Победа и Охрид одиграа без голови.
РЕЗУЛТАТИ – 3.КОЛО
БЕЛАСИЦА – ТЕТЕКС 2:0
ДЕТОНИТ – АРСИМИ 1:0
САСА –ПЕЛИСТЕР 0:3
КАРАОРМАН – ВАРДАР (Н) 2:0
КОЖУВ – СКОПЈЕ 4:2
НОВАЦИ – БЕСА 1:4
ОСОГОВО – БАШКИМИ 2:3
ПОБЕДА – ОХРИД 0:0