ПСЖ до прва победа, блесок на Мбапе

157

 

Францускиот шампион Пари Сен Жермен ја забележа првата победа сезонава во француската Лига 1. По двете ремија во првите две кола, конечно, парижаните победија. Славеа триумф над Ленс со 3:1 на „Паркот на принцовите“.

Марко Асенсио го отвори резултатот во 45 минута. Во второто полувреме два гола постигна Килијан Мбапе, за во финишот Гилавоги да ги постави конечните 3:1.

ПСЖ идното коло ќе му гостува на Лион, а вицешампионот Ленс игра со Монако. Ленс се уште ја бара првата победа затоа што има два порази и реми.

ПретходноПричината е Меси: Во Њујорк се одвива “грабеж на столетието“!
СледноРаботнички се засили со Американецот Декоси