Екипата на Верона ја запиша втората победа сезонава по вечерашниот триумф над Рома со 2:1. По првото полувреме Верона водеше со 2:0 со головите на Дуда и Нгонге. На стартот на второто полувреме Жозе Мурињо се обиде да го преуреди тимот кој очајно одигра, па тргна со три измени, а по пет минути внесе уште еден играч.
Во 56 минута погоди Хосем Оар и тоа беше конечниот резултат. Рома го впиша првиот пораз, а има и едно реми.
Милан со 4:1 го совлада Торино. За „росонерите“ стрелаа Пулишиќ, Жиру и Тео Хернандез во првото полувреме, а во 65 минута Жиру од пенал го постави конечниот резултат.
На другите саботни натпревари Монца го совлада Емполи со 2:0, а Фросиноне славеше над Аталанта со 2:1.