Очекувано селекцијата Србија со убедлива победа стартуваше на СП во кошарка. Во меч од 1.коло во групата -Б, нашиот северен сосед успеа да слави над Кина на Александар Ѓорѓевиќ со повеќе од убедливи 105:63.
Еден од домаќините на Мундијалот освен на стартот, кога имаше и водство, едноставно беше немоќен против разиграните момци на селекторот Пешиќ. Во првата четвртина дојдоа до водство од 25:14, кое не само што не го испуштаа до крајот туку постојано и го зголемуваа.
На крајот постигнаа и повеќе од 100 поени, поточно крајниот резултат беше 105:63.
Најефикасни беа Богдановиќ и Маринковиќ со по 14 поени. Убава можност за Пешиќ да ги разигра сите свои кошаркари.
Додека кај Кина најефикасен беше Жао Руи со 17 поени.