Џирона четврти пат по ред слави над Севиља, a вторпат по ред на „Писхуан“

58

Екипата на Џирона ги однесе трите бода од стадионот „Роман Санчез Писхуан“ откако со 2:1 славеше над Севиља во рамките на 3.коло на шпанската Ла Лига. Тоа е трет пораз на Севиља затоа што загуби од Валенсија и Алавес во претходните два меча, а ако се земе во предвид и поразот од Сити во Суперкупот на Европа јасно е дека освојувачот на Лига Европа е во кризен период.

Вечерва, Џирона четврти пат по ред ја совладува Севиља, а вторпат по ред на „Писхуан“.

Гостите поведоа со гол на Херера во 16. минута, а изедначи Гудељ во 45 минута. Во 56 минута Гарсија погоди за водство на Џирона. Пет минути подоцна голот на Ракитиќ беше поништен поради офсајд.

До крајот резултатот не се менуваше и Џирона ја запиша втората победа сезонава.

ПретходноРаботнички се засили со Американецот Декоси
СледноMeси играше само половина час и го постигна дебитантскиот гол во МЛС