Кошаркарите на Канада со убедливи 128:73 (29:13, 27:17, 34:18, 28:25) го совладаа Либан во натпреварот од второто коло од групата Х на Мундобаскетот.
Канаѓаните доминантно ја постигнаа втората победа на турнирот, откако на стартот од натпреварувањето ја декласираа Франција со 30 поени разлика, додека Либан забележа нов убедлив пораз, бидејќи прими 109 поени против Летонија.
Дури девет канадски кошаркари имаа двоцифрен број на поени, а најефикасен меѓу нив беше Барет кој мечот го заврши со 17 поени. Кај поразениот Либан се истакна Омари Спелман кој постигна 16 поени.
Во следниот натпревар од оваа група подоцна денеска се среќаваат Франција и Летонија.