Младиот тим на Мулти Есенс финалист на турнирот во Прилеп…триумф и над Пролет!

124

Втора победа на третиот меч за младиот тим на Мулти Есенс на турнирот во Прилеп, и тоа денеска против составот на Пролет со 29:25. Нема што, за новиот суперлигаш секако дека доаѓаат убави ракометни денови. Со овој триумф составот на стратегот Иван Марковски се пласира во финалето на турнирот “Миле Нешковски“.

Во првиот дел се водеше рамноправна битка, но сепак се замина на пауза со четири разлика за тимот Мулти Еесенс и тоа 16:12.

Во продолежение од средбата Мулти Еесенс продолжи со својот добар ритам, не му дозволи на протовникот да му се закани резултатски за да на крајот славеше сосема заслужено со 29:25.

ПретходноАмериканците и фудбал: Меси дава гол а на Тајмс Сквер како во театар! (ВИДЕО)
СледноПолувреме: Голчиште на Венегас за водство на Брегалница, три гола за 4 минути во Кратово, водство на Работнички, Тиквеш и Шкупи! (ВИДЕО)