Од Пожаревац, преку Белград и Бостон до Челзи – нов голман на „Стемфорд Бриџ“

280

Челзи го комплетира трансферот на голманот Ѓорѓе Петровиќ од редовите на Њу Ингланд Револушн. 23-годишниот чувар на мрежата кој има два натпревари за репрезентацијата на Србија, со Челзи потпиша седумгодишен договор со опција за продолжување на уште една година. Неофицијално, сумата за неговиот трансфер изнесува 14 милиони фунти.

Ова е голем чекор за мене. Од секогаш сум сонувал да играм за голем клуб. Сега го остварив тоа и многу сум среќен. Возбуден сум што ќе бидам дел од Премиер лигата, а се надевам и многу успешни сезони со Челзи“, изјави Петровиќ.

Петровиќ е роден во Пожаревац и почнал во локалниот Пресинг. Во 2014 година му се приклучува на Чукарички за кој одиграл 86 натпревари пред да му се приклучи на Њу Ингланд во април 2022 година. Тој одигра вкупно 43 натпревари за тимот од Бостон.

ПретходноТер Штеген продолжи со Барселона, во договорот има висока откупна клаузула
СледноФедерацијата и се заканила на Ермосо за контроверзниот бакнеж од Рубиалес!?