Завршија сите пет средби од 5.коло во ПМФЛ. Како што и се очекуваше наијнтересно беше во Штип, каде Брегалница ја победи Брера Струмица и со тоа и го нанесе првиот пораз сезонава.Победничкиот гол беше дело на Венегас, Стојчевски ја погоди пречката на гостите вио второто полувреме, а во 73.минута Давков му одбрани пенал на Врдољак и со тоа стана херој на “сините“. Тој во 97. Минута прави фантастичен потег, спасуувајќи чист гол и повторно по шут на Врдољак.
Работнички водеше со 1:0 се до 90.минута за да потоа со головите на Дита и Красничи загуби, односно Шкендија победи.
Шкупи со 3:1 славешше над Гостивар, во меч вокој гостиварци имаа сила само за 1:1 да израмнат.
Силекс и Македонија ЃП одиграа 2:2 во Кратово. Исто така реми заврши и дуелот во Кавадарци меѓу Тиквеш и Воска.
Последниот меч од ова коло меѓу Струга ТЛ и Вардар ќе се игра во ноември.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 5.КОЛО
БРЕГАЛНИЦА – БРЕРА 1:0
(Венегас 27./)
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 1:2
(Кагиму 28./Дита 90., Красничи 90+6.)
ШКУПИ – ГОСТИВАР 3:1
(Хоџиќ (п) 26., Сахити 70., Воша 90+7./Потук 64. )
СИЛЕСКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:2
(Ѓорѓиевски 44.,Каланоски (п) 82./Алексовски 45., Скендери 45+2.)
ТИКВЕШ – ВОСКА 1:1
(Касама 17./Марушиќ 73.)
01.11.2023
СТРУГА ТЛ – ВАРДАР