Еден од домаќините на Светското првенство, Филипини до следната рунда може да дојде во една тешко остварлива теорија. Денеска оваа селекција беше поразена од Ангола со убедливи 80-79.
Екипата од Африка дојде до првата победа на Мундобаскетот, откако очекувано беше совладана од Италија, па сега повторно ја врати надежта дека може да игра во следната рунда. Што се однесува до Филипини постои само теорија.
Иако домаќинот на СП го имаше распложениот Кларксон со 21 поен, сепак тоа не беше доволно бидејќи нити еден друг кошаркар не дојде до двоцифрен број на поени. На другата страна Госналвес имаше 17 поени.
До лесна победа и пласман во следната рунда дојде Литванија, славеше со 96-66 против Мексико и против Црна Гора ќе се бори за првото место во групата Д.
Јапонија се израдува на првиот триумф на Мундијалот, откако славеше против Финска со 98-88.