Верстапен не знае за доста…триумф пред своите фанови за нови рекорди!

110

Макс Верстапен е победник на драматичната трка за ГН на Холандија, која попладнево се возеше на патеката “Зандворт“. Ова е деетта победа по ред на Макс со што го израмни рекордот на Себастијан Фетел од 2013 година. Инаку ова е 11 победа сезонава за него во болидот на Ред Бул.

Не беше лесно, оваа трка траеше и повеќе од од два часа, со многу прекини, па и поради дождот беше супер интересно. Сепак на крајот Макс најдобро се снајде и заслужено дојде до нов триумф.

На подиумот беа и Фернандо Алонсо како втор и Пјер Гасли како трет.

Сега Верстапен во генералниот пласман има 339 бодови, втор е Серхио Перес со 201 бод.

ПретходноБојан повторно “тресе“: Миовски со гол од пенал во 90+10.минута му донесе бод на Абердин!
СледноЗдравков и Брегалница знаат како против “италијанската магија“: Браво за момците, одиграа фантастичен меч!