Влаховиќ го спаси Јувентус од пораз (ВИДЕО)

313

Јувентус и Болоња ремизираа 1:1 во Торино, во рамките на второто коло од Серија А. Вечерва Јувентус се обиде да ја материјализира победата во Удине од првото коло, но не успеа да слави дома.

Болоња беше подобра во првите 45 минути, поведе во 24. минута преку Фергусон, но во вториот дел не успеа да ги сочува и предноста и бодовите. Душан Влаховиќ ја затресе мрежата во 52. минута, но ВАР го поништи голот поради офсајд, па се чекаше до 80. Минута, Влаховиќ со ефектен удар со глава од десет метри ја затресе мрежата за 1:1 .

Без победник заврши и дуелот меѓу Фиорентина и Лече – 2:2.

ПретходноКејн со два гола за нова победа на Баварците (ВИДЕО)
СледноКалин Ивановски во академијата на шпанскиот тениски крал